Јапонците и Корејците имаат најдобра сервисна услуга

ОБЈАВЕНО НА:

Според последното истражување на магазинот What Car, најдобра сервисна услуга во Европа имаат автомобилските брендови од Јапонија и од Јужна Кореја. Истражувањето е направено во однос на задоволството искажано од страна на клиентите при посетата на сервисите.

При правењето на табелата на најдобрите брендови, се појавуваат и брендови кои вообичаеено досега не биле меѓу оние од горниот дел, MG, Dacia и Jaguar, и купувачите искажале многу позитивни критики з анив.

При правењето на Servicing Satisfaction Survey од страна на What Car во овогодинешното издание предвид биле земени оценките на повеќе од 8.300 лица. Подредувањето на марките било врз основа на потрошувачките впечатоци во однос на квалитетот на услугите од страна на корпоративниот персонал, квалитетот на извршените поправки и односот понуда / цена.

На челната позиција во ранг, со резултат од 91, 2% задоволство на клиентите се наоѓа Honda, на второ место е MG со 90,9%, а на трето место е Lexus со 90,2%.

Во Топ 10 на What Car, Servicing Satisfaction Survey се наоѓаат уште Hyundai (89,9%), Dacia (89,5%), Ssangyong (89,4%), Subaru (89,3%), Kia (88,9%) и Jaguar и Toyota со 88,8%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK