Јапонци претворија Mercedes во Bentley

ОБЈАВЕНО НА:

Вообичаено е да се гледа и дознае како некој од стар автомобили или речиси распаднат ќе направи нов или ќе го претвори во ѕвер! Но, тоа се најчесто случаеви кога станува збор за малку познати брендови. Она што го направи стидото Denag e нешто не секојдневно – од Mercedes W124 направи Bentley.

Станува збор за за Denag Ambassador од 1990 година. Во основата на Ambassador е Mercedes-Benz S-Klasse но како се гледа на фотографиите автомобилот е многу повеќе како Bentley отколку S-Klasse.

Се одликува со правоаголна решетка на ладилникот и кружни предни светла, а печат на страниците на автомобилот е во стилот на класичниот Bentley S2. Оваа копија на Bentley може да развие максимална брзина од 240 до 250 км/ч.

Голема улога за оваа доста пристојна брзина за тие години е 5.5-литарскиот V-мотор со осум цилиндри, кој е монтиран под капакот на Denag Ambassador. Неговата моќност е 295 коњски сили, а максималниот вртежен момент се пренесува на задните тркала.

Автоматскиот менувач e со четири брзини. Првично Јапонците планирале да направат 25 такви автомобили, но на крајот не произвеле повеќе од десет, а нивниот точен број не бил познат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK