Јапонските новитети ќе почекаат – откажан саемот за мотоцикли во Токио

ОБЈАВЕНО НА:

На саемите никако да им тргне. Откако годинава видовме само неколку саеми, претежно организирани во Кина и САД, полека, но сигурно се одложуваат и саемите закажани за следната година.

Веќе се презакажани саемите во Њујорк, Детроит и Лос Анџелес, а неизвесно е одржувањето и на саемот во Женева. Во меѓувреме од Јапонија пристигна вест дека саемот за мотоцикли кој требаше да се одржи во 2021 година се одложува.

“Што се однесува до 48-то издание на саемот за мотоцикли во Токио, закажан за 2021 година, сакаме да објавиме дека истиот се откажува поради пандемијата на ковид-19” стои во соопштението на организаторот.

Овој саем беше најважен за јапонските производители на мотоцикли бидеќи токму на овој ги прикажуваа своите новитети и технолошки достигнувања со кои го освојуваа светскиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK