Јапонски министер оди во Либан да го врати Гон пред судските власти

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот министер Хиројуки Јошие ќе отпатува од Токио во Либан со цел да се сретне со тамошната министерка за правда, Марија Клод Наџм, соопштуваат од јапонското министерство за правда.

Целта на оваа посета е да се разгледаат можностите и да се напрви притисок врз либанските власти за екстрадиција на Карлос Гон.

“Nissan се надеваат дека Гон ќе се врати во Јапонија со што сите факти ќе може правилно да бидат процесуирани под јапонскиот правен систем” изјавија во официјалното соопштение на јапонскиот производител.

Гон, кој е роден во Бразил и поседува либанско и француско државјанство, минатата година успеа да избегне на јапонските власти и покрај тоа што беше во куќен притвор. Тој, како поранешен прв човек на Renault-Nissan Алијансата беше обвинет за бројни финансиски малверзации.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK