понеделник, 25 декември, 2025 година

Јапонски изум: Врати ја дозволата – добиј попуст во ресторани

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Јапонија станува земји на старци, па се е повисока границата на просечната старост на возачите. На улиците има се повеќе возачи што управуваат автомобили а одамна се во пензија. Присутвото на постари возачи многу често е поврзано со непријатна статистика во однос на сообраќајот и проблемите во него.

Јапонските власти користат оригинален начин да го намалт бројот на возачи кои се во поодмината возраст. „Aвтомобилските ветерани“ можат доброволно да ја врата возачката дозвола, во замена за попуст за исхрана во ресторани.

- Advertisement -

Идејата е на општината Аити на островот Хоншу каде се издаваат специјални потврди со кои на оние што ги вратиле возачките дозволи им се обезбедува попуст од 15 отсто на храната во ланецот на ресторани Sugakiya koj има околу 170 ресторани.

Причината за ваквата одлука е што во многу случаи токму повозрасните возачи се дел од сообраќајките што се случуваат на патиштата. Во последно време се издаваат и специјални налепници што се прикачуваат на возилата како предупредување дека внатре управува повозрасен човек.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја