сабота, 25 ноември, 2025 година

Јапонски гуми од брендот Toyo – Made in Serbia

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Гумите Toyo се добро познати во Јапонија и Азија, а во Европа доаѓаа од фабриките кои не се на европскиот континент. Од 2023 година пазарите во Европа, Блиски Исток, Африка и Северна Америка ќе бидат снабдувани од новата фабрика во Србија. Исто така гуми од фабриката што ќе се наоѓа во Инџија ќе бидат извезувани и во Русија.

До 2023 година, фабриката во Инџија ќе произведува пет милиони пневматици Toyo годишно со околу 560 српски работници. Oва е веќе осма фабрика на Тоyo. Целата инвестиција е 382 милиони евра. Повеќе од три години траече преговорите со Јапонците пред да се потпише договорот.

- Advertisement -

Фабриката во Србија ќе ја користи најновата технологија и ќе произведува производи со највисок квалитет по најконкурентни цени, како и на енергетски ефикасен начин.
Јапонците го избраа германскит града Вилих во близина на Дизелдорф како место за нивниот истраживачки и развоен центар во Европа. Во моментов 15 отсто од продажбата на Toyo e на пазарите во Европа.

Компанијата има договор со Mitsubishi, VW и BMW за прво вградување на нивните гуми во моделите на фабриките.

Во Србија работи и фабриката за гуми на Tigar, а наскоро ќе почне и Linglong да произведува гуми во Зрењанин.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја