Јапонија со потерница за Карлос Гон

ОБЈАВЕНО НА:

Властите на Јапонија издадоа меѓународна потерница по поранешниот генерален директор на Renault-Nissan Алијансата, Карлос Гон.

На Карлос Гон минатата година му беше изречен куќен притвор, но под засега неразјаснети околности на 30 декември минатата година успеа да пребегне од Јапонија во Либан.

Властите во Либан потврдија дека примиле од Интерпол потерница за Карлос Гон. Ова го потврди и либанскиот министер за правда Алберт Серхан. “Потерницата пристигна само четири денови откако господинот Гон пристигна на територијата на Либан” изјави тој.

Засега не е познато како властите во оваа источноазијска земја ќе постапат по потерницата за 65 годишниот Карлос.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK