Јаки ѕверки со 10.000 КС дефилираа во Скопје (Фотогалерија)

ОБЈАВЕНО НА:

Премиум релито Софија – Свети Влас е настан кој на уникатен начин спојува запознавање на интересни дестинации, неверојатните журки и моќни и атрактивни автомобили. Во три дена група на ексклузивни возила ќе патува во три земји, и пред се` ќе има шанса да запознае нови луѓе и да се дружи.
За прв пат релито за ексклузивни автомобили ќе ја посети Македонија.

Ако не бевте во Скопје, тогаш многу сте пропуштиле. Погледнете ја галеријата да видите што се` имаше на плоштадот во Скопје.

Овие возила беа во центарот:
Lamborghini Aventador Spyder – со преку 700 к.с., во исклучително убаво „пакување“,
AUDI R8 PLUS – 10-цилиндарски мотор, суштински врв на германското инжењерство,
Ferrari 488 – Носител на награда „Супервозило на годината“ од Top Gear,
Aston Martin DB11 – за кој ви гарантираме дека тоа што е избран за возило на Џејмс Бонд не е случајно,
AMG GT R – специјално создадено чудовиште за на стаза од Mercedes-Benz,
Mercedes-Benz C63 S Coupe оптимизиран од Manhart со преку 700к.с.,
Nissan GT-R Black Edition
– модел чиј претходник повеќе години беше првото што луѓето го замислуваа кога ќе слушнат „супер возило“ – Nissan Skyline,
Porsche 991 Turbo S,

Следете не и на:

24AUTO NETWORK