Jaguar постави нов гинисов рекорд, и тоа во влечење на скијач. Поранешниот британски шампион во скијање, Греем Бел и Jaguar поставија нов рекорд на влечење на скијач на скии со автомобил.
Возилото што беше употребено за овој тест беше XF Sportbrake го кој успеа да „дигне“ брзина од 189,07 км/ч. подобрувајќи го досегашниот рекорд за над 76 км/ч.
Рекорд беше ставен на тест-теренот на Jaguar Land Rover во Arieplog, Шведска, на температура од -28 целзиусови степени. Тркачки автомобил беше опремен со 3,0-литарски турбо V6 со 380 КС и погон на четирите тркала.
Како изгледаше потфатото можете да видите од видеото.