Jaguar Land Rover развива 3D технологија за автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Jaguar Land Rover почна да ја развива следната генерација на head-up дисплеј технологијата, која може да пренесува информации за опасностите од патот во реално време. Друга интересна функција ќе им дозволува на патниците да гледаат 3D филмови директно од седиштата и без потреба од специјални очила, што е дел од визијата на Jaguar Land Rover за заедничка и атономна иднина.

Инженерите на Jaguar Land Rover исто така работат и на нов моќен тродимензионален дисплеј за проектирање на предупредувања за опасност на патот, кои ќе му помагаат на возачот при лоша видливост. Збогатената реалност (Augmented reality) ќе емитува детални информации за патиштата и за условите за возење. Студиите спроведени во Германија, покажуваат дека употребата на стереоскопските 3D диспле во автомобилската индустрија можат да ја подобрат точноста во проценките и времето за реакција преку „поп-ап“ инструкции во вистинско време.

Во целосно автономна иднина 3D дисплеите ќе нудат целосно персонализирано искуство и ќе им овозможат на патниците да избираат што да гледаат без разлика дали се работи за информациски системи или за клипови за забава. Неколку патници, кои споделуваат патуање ќе можат да уживаат в нивниот избор на медиуми вкучувајќи и детали за патувањето, интересни места наоколу и филмови кои ќе бидат оптимизирани за местото каде што седат.

Jaguar Land Rover работи заедно во партнерство со Центарот за напредната фотоника и електроника на Универзитетот во Кембриџ, а нивната соработка се фокусира на измислување на head-up дисплеј, кој ќе одговара на вистинското искуство при возењето. Тоа ќе им дозволи на возачите да реагираат природно на опасностите и сигналите во сите услови на патот.

Студијата за следната генерација на head-up дисплеите е дел од плановите за развој на визијата „Интелигентно купе“ (Smart Cabin) на Jaguar Land Rover. Визијата има за цел да примени технологии, кои се комбинираат за да создадат сопствен простор за возачот и патниците во патничкиот простор. Фокусот на британскиот автомобилски производител е да ги адаптира своите продукти и услуги кон брзите промени на светот преку исклучителни иновации. Целите се: нулта емисија на штетни гасови, нула несреќи и нула метеж.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK