Компанијата Jaguar Land Rover (JLR) ќе укине околу 500 работни места во Обединетото Кралство, објави Automotive News Europe. Ова претставува приближно 1,5 отсто од вкупната работна сила на JLR.
Од компанијата велат дека овие 500 отпуштања ќе бидат „доброволни и консензуални“, што значи дека за вработените кои ќе заминат ќе биде подготвен посебен пакет на поддршка. Консензуалното раздвојување ќе се однесува само на одредени работни позиции.
Во официјалното соопштение се наведува:
„Како дел од редовната деловна практика, на одредени вработени им нудиме можност доброволно да ја напуштат JLR преку ограничени програми за доброволно отпуштање.“
Најпогоден дел од партнерството е токму Jaguar. Откако беа стопирани повеќе модели во производство, производителот се подготвува за нова ера. Но, може со сигурност да се каже дека брендот ќе биде сериозно погоден пред да започне тој нов почеток. Само во април, Jaguar продал вкупно 49 возила – најниска бројка во историјата на брендот.
Во април 2024 година, биле продадени 1.961 Jaguar возила. Всушност, во првите пет месеци од оваа година, вкупно се продадени само 2.665 возила од овој бренд. За споредба – тоа се историски слаби резултати.