Jaguar Land Rover ја менува кожата со луксузни текстилни тапацири

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе помислите на луксузно возило, во сликата секогаш има кожнени седишта. Но, не веќе. Промените доаѓаат во новиот Range Rover Velar, со кој Jaguar Land Rover понуди можност за луксузен текстилен тапацир наместо животинската кожа.

Опишан како „премиум алтернатива за кожа“, метријалот се нуди по повисока цена од онаа на стандардната кожаод Velar R-Dynamic SE, но поевтина од најскапата Windsor кожа. Австралискиот портал Drive известува дека ткаенините со мешавина од волна потекнуваат од Австралија и Нов Зеланд, а се обработени од данскиот снабдувач Kvdrat.

„Се менува ставот кон производите кои се од животинско потекло“, вели главниот дизајнер во Land Rover Гери Мекговерн за Drive.
„Целиот тој свет на лукзус станува пософистициран и луѓето бараат промени, и во однос на материјалите кои стануваат поиздржливи. Лично јас би бил многу среќен да можеме уште од утре да престанеме да ја користиме кожата. Не ми се допаѓа што мора да ги колеме тие крави за да добиеме кожа. Што е уште поважно, мислам дека текстилот ни дава можност да креираме еден поинаков изглед и чувство“.

Land Rover не е првиот. Луксузната и спортска Alcantara веќе понуди текстилна опција на многу супер автомобили, но тоа главно беше полиестер мешавина со малку полиуретан.

Неодамна и Tesla најави дека во неговите електрични возила нема да има кожа, а Maserati понуди ткаенини и свила од Ermenegildo Zegna, додека Bentley почнува да ги разгледува овие можности откако се сретна со потрошувачите во Калифорнија.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK