Jaguar ќе вози на струја!

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Jaguar I-Pace Concept е најголемиот знак на компанијата за влез во големото семејство на електрични возила, и можеби најзначајниот обид за создавање на убаво возило што ќе се движи на струја.

Иако се работи за возило што треба да се појави за две години, Jaguar веќе прибира депозит за нарачка. Сега може да оставите 1.000 долари при нарачката на сајтот на Jaguar.

Пред почетокот на салонот во Лос Анџелес претстави целосно електрично возило кое располага со спортски 400 КС и има автономија од 500 км.

Директор на дизјан, Иан Калум го објасни интернационалниот потег да се направи мал спортски СУВ, каде батериите се сместени на подот. Малку чудно, но сепак изгледа добро како што и треба да изгледа Jaguar.

Официјалните лица од Jaguar се непопустливи во објаснувањето дека е тоа СУВ, изгледот на I-Pace изгледа како СУВ исто како и Infiniti QX30 и Mercedes-Benz GLA, а тие се сепак хечбек возила.

Со остриот изглед од позади и подигниот заден дел кога се глед аод некои агли го прават возилото да изглед како седан. Но генерално тоа е атрактивен автомобил кој сигурно ќе добие уште малку „посмирени“ линии кога ќе влезе во сериско производство.

Бенефит од тоа е што има многу простор внатре, повеќе отколку што изгледа. Панорамскиот покрив на возилото му дава „просторност“. Просторот за нозете што го има е во класа на возилата од средна класа и багажниот простор изненандувачки е долг и длабок. I-Pace изгледа како да ќе биде добар „практичен пакет“.

Придвижувањето на концептот е со електрични мотори на предната и задна оска. Двата мотори произведуваат комбинирано 400 КС и 700 нм., вртежен момент постојано на сите тркала. Батеријата е 90 KW и со брзо полнење може да се искористи за домет од 500 км., она што им е како таргет на Tesla Model 3 и na Chevrolet Bolt.

Jaguar објави дека серискиот модел на I-Pace треба да се појави следната година на некој од познатите саеми, а во слободн апродажба во втората половина на 2018.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK