Jaguar ќе создава целосно електрични возила Е-TYPE (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar Classic ќе понуди на пазарот целосно електрични автомобили Jaguar E-TYPE. Новоста доаѓа после исклучително успешно деби на симболичниот спортски автомобил во вид на концепциски електричен модел, кој компанијата го претстави на Jaguar Land Rover Tech Fest во септември 2017 година.

Комбинирајќи ја својата експертиза во обновувањето на иновативната технологија од Jaguar I-PAC, првиот електричен спортски СУВ со пет седишта во историјата на брендот, Jaguar Classic ќе понуди автомобили Е-TYPE кои се изработени по порачка, кои ќе бидат трансформирани во истата фабрика Classic Works, во која се вршат поправки на E-TYPE Reborn во Ковентри, во Велика Британија.

Сопствениците на сегашниот модел ќе имаат можност за транстформација на автомобилите E-TYPE во електрични.

За да се зачува автентичноста на основниот автомобил, електричната трансформација ќе биде целосно реверзибилна.

Детали околу техничките спецификации и цените ќе бидат дадени во подоцнежната етапа. Испораките на првите електрични автомобили E-TYPE се очекува да почнат во летото во 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK