Откако стана првиот производител на луксузни автомобили, кој официјално стана дел од шампионатот на Formula E на меѓународната автомобилистичка федерација FIA, Jaguar објави дека компанијата почнува сопствен шампионат за електрични возила со главното учество на целосно новиот модел I-Pace.
Новиот тркачки шампионат Jaguar I-PACE eTROPHY ќе биде претставен како дел од FIA Formula E Championship од крајот на следната година. Тогаш трките ќе се одржуваат во ист викенд и на истите патеки. За учество на секоја од трките ќе бидат подготвувани по 20 возила на целосно електричниот I-Pace. Овој модел треба да го видиме на европските патишта уште следната година.
Од Jaguar велат дека дополнителните технички параметри на тркачките електрични возила ќе бидат претставени во подоцнежна фаза, и дека очекуваат голем интерес и брзо пополнување на тркачките квоти.
Сегашниот Jaguar I-PACE Concept, ветува автономија од над 500 километри и е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч. за околу 4 секунди. Електричниот автомобил има четири погонски тркала, што се постигнува со помош на електрични мотори, чија вкупна моќност е 400 КС, а вртежниот момент достигнува 700 Nm.
Батеријата на возилото е литиум јонска со 90kWh, сопствен развој на Jaguar Land Rover и освен од стандардни електрични извори, нуди и можност за брзо полнење, при што целосно таков се постигнува само за малку повеќе од 2 часа.