Jaguar ќе нуди само електромобили од 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот гигант Jaguar Land Rover објави детали за новиот стратешки план Reimagine, чија цел е модерниот луксуз, уникатното корисничко искуство и позитивното влијание врз општеството. Со објавувањето на новиот план, компанијата постави почеток и на патешествието кон постигнување на статус на јагледорно неутрална до 2039 година.

Главниот акцент во новиот стратешки план на Reimagine на Jaguar Land Rover, кој ќе биде раководен од Тиери Болор, извршниот директор на JLR, е поврзан со развојот на иднината на продукциската понуда на Jaguar. Од компанијата споделуваат дека од 2025 година, секој нов автомобил на легендарниот бренд ќе биде опремен со целосно електричниот погон, но XJ нема да добие наследник иако ознаката може да се задржи во понудата.

Во следните пет години, Land Rover ќе добие целосно електричен модел и модификации, а првиот нов од нив ќе биде виден во 2024 година. Целосно електричните автомобили се очекуда да фомираат околу 60% од вкупната реализација на брендот до 2030 година.

„Jaguar Land Rover е уникатен за глобалната автомобилска индустрија. Креатор на неспоредливиот дизајн, ненадминат во разбирањето на иднината на луксузните потреби на своите клиенти, емоционално богатиот бренд, британскиот дух и ненадминат пристап до водечките светски играчи во областа на технологиите и одржливоста во поголемата Tata Group. Ние ги користиме овие состојки денес за да размислиме за бизнис, двата бренда и потрошувачкото искуство утре“, вели Болор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK