Jaguar има свој адут за трка со BMW X5 и Porsche Cayenne

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Jaguar планира да ја прошири својата понуда и веќе работи интензивно на развојот на својот нов поголем кросовер. Премиерата е најавена за две години, а името на новиот модел најверојатно ќе биде J-Pace. Новиот Jaguar J-Pace ќе биде развиен на агрегатите на Range Rover.

Новиот голем сув на Jaguar ќе користи доразвиена алуминиумска платформа на Range Rover. На изглед новата машина ќе биде поголема од моделот Jaguar F-Pace, а должината ќе надмине пет метри.

Се смета дека ова возило ќе биде конкуренција на BMW X5, Mercedes-Benz ML и Porsche Cayenne. Цената најверојатно ќе се движи околу 90 000 евра и тоа во основната варијанта.

Засега недостигаат повеќе детали за новиот модел. Се смета дека Jaguar J-Pace ќе се нуди опремен со 3.0 литарски шестцилиндричен бензин турбомото, 5.0 литарски компресорен V8 или турбодизел со дислокација со зафатнина од 3.0 литри. Голема е веројатноста за појава и на хибрдина варијанта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK