Jaguar го покажа првиот целосно електричен виртуелен спортски автомобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Jaguar објави информација за првиот во историјата целосно електричен виртуелен спортски автомобил, Vision Gran Turismo Coupé, кој ќе биде еден дел од понудата на автомобили на кои ќе можат да сметаат фановите и играчите на игрите од серијалот Gran Turismo.

Се работи за Gran Turismo Sport за Sony PlayStation 4.

И покрај својот футуристички дизајн, стајлингот на Jaguar Vision Gran Turismo Coupé може да биде открие ред решенија од класичните легендарни модели на брендот.

Со целосно електричниот погон, Vision Gran Turismo Coupé ќе дебитира на виртуелната сцена со моќност од 1.020 коњски сили и вртежен момент од 1.200 Нм.

Ќе има можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од две секунди и максимална брзина на движење од над 320 км/ч.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK