Jaguar E-Pace доаѓа на 13 јули – цената околу 38.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Откако со Jaguar F-Pace постигнаа одличен успех сега во компанијата се подготвуваат за продолжение. Тоа треба да биде новиот компактен перформансен SUV Jaguar E-Pace. Компактниот SUV ќе биде претставен на 13 Јули.

Ако F-Pace лани помогна да се зголеми продажбата на Jaguar за 83 проценти, како и комплетно електричниот концепт I-PACE кој ќе влезе во производство во 2018, сега со новиот мал СУВ тие бројки би требало да се зголемат.

Јан Калум, директорот за дизајн во Jaguar, изјави: “Комбинацијата на изгледот на спортски автомобил со перформансите на Jaguar ќе обезбедат E-Pace да се истакне. Секој Jaguar е дизајниран да ги возбуди сетилата, токму затоа мислиме дека E-PACE ќе го направи токму тоа, со својот сопствен единствен карактер.”

Jaguar E-Pace располага со AWD технологија изведена од спортските автомобили, како и со Ingenium серија на бензински и дизел мотори, како и комплетна технологија за поврзување и безбедносни карактеристики.

Цената на новиот Jaguar Е-Pace се очекува да биде околу 38.000 долари. Повеќе детали ќе бидат познати по промоцијатa.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK