среда, 25 декември, 2025 година

Откако ја стигнаа границата од 483 км/ч: Bugatti повеќе нема да брка рекорди за брзина

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Претседателот на Bugatti – Стефан Винкелман, најавува дека компанијата повеќе нема да учествува во трки за постигнување на брзински рекорди. Според него, со достигнувањето на границата од 300 милји на час во Bugatti докажале дека ги прават најбрзите автомобили во светот и тоа е последниот рекорд кој бил поставен од брендот.

„Нашата цел беше да ја стигнеме границата од 300 милји  (483 км/ч) со сериски автомобил, кој може да е користи на стандардните патишта. Успеавме да го направиме тоа, па неверојатното постигнување засекогаш ќе влезе во историјата“, вели Винкелман.

- Advertisement -

Факт е дека рекордот беше постигнат од Bugatti Chiron, кој тешко може да биде како „сериски автомобил“. Машината беше доработена со помош на компанијата Dallara, а каросеријата му е продолжена со 25 сантиметри, суспензијата е спуштена, а моќноста на моторот зголемена за 100 коњски сили. Се претпоставува дека тоа ќе се случи и со модификацијата Super Sport, која сè уште не е објавена од страна на компанијата.

Претседателот на Bugatti  вели дека зголемувањето на овие автомобили не се должи само на динамичните карактерискити. Според него постигнувањето на Chiron е доказ дека брендот ги прави најбрзите автомобили во светот, со оглед на тоа што тие исто така се најекслузивните, најлуксузните и најубавите.

„Со овој рекорд на сите им докажавме што можеме. Оттука натаму ќе се концентрираме на други области“, вели Винкелман.

Брендот Bugatti се вклучи во борбата за рекорди за брзина во јули 2010 година, кога Veyron Super Sport разви 430,9 км/ч на oвалниот дел на Volkswagen “Ера-Лесин”. Неколку години подоцна на истата траса Veyron Grand Sport Vitesse постигна највисока брзина за автомобил без покрив од 408,8 км/ч.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја