Ја повлекуваат Lаdа Nivа поради опасност од пожар

ОБЈАВЕНО НА:

Претставникот на AвтoВAЗ Lаdа Аutоmоbilе GmbH за Германија објави кампањата за сервис за 1500 СУВ возила од моделот Lаdа 4×4, кои се регистрирани во оваа земја во периодот меѓу 2017 и 2018 година. Акцијата е наложена поради дефект кој може да доведе до пожар.

Автомобилите кои се засегнати излегле од фабриката со неправилно поставен кабел на генераторот, кој се подудира со едниот носач, а изолацијата се трие, па како резултат на тоа може да дојде до краток спој.

Од Lаdа Аutоmоbilе GmbH ги информирале сопственциите на возилата во Германија и ги поканиле на преглед, а доколку бидат откриени дефекти ќе бидат отстранети бесплатно.

Минатата година поради истиот проблем во Русија беа отповикани 39.000 СУВ Lаdа 4×4. Дo овој момент не се познати случаи дека има возила кои настрадале во пожар кој бил причинет од ваков дефект.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK