Германските правосудни власти ја завршија истрагата со скандалот поврзан со издувни гасови на дизелските мотори на Volkswagen со изречување казна за поранешниот извршен директор и претседател на надзорниот одбор на Volkswagen, Ханс Дитер Пич.
Тој за скандалот Дизелгејт е прогласен за виновен по неколку точки на обвинението и е казнет со парична казна во висина од 1,5 милиони евра.
Тој е прогласен за виновен бидејќи предоцна ги известил инвеститорите за софтверот за масовно лажирање на тестовите за загадување вграден во автомобилите. Поради ова компанијата мораше да повлече повеќе од 11 милиони возила, а по најразлични основи, најголемиот германски производител плати казни поголеми од 15 милијарди американски долари.
Во наредниот период ќе бидат објавени и казните за Мартин Винтеркорн, Матијас Милер и Руперт Штадлер.