Производителите на автомобили нудат седишта со греење и вентилација и тоа веќе подолго време бидејќи двете функции работат на добро познати принципи. Затоплувањето се случува преку ланец на отпорници, кои се загреваат при преминувањето на електричен погон. Овој систем е примарна можност и затоа опцијата ја има дури и со буџетските модели.
Вентилираните седишта се наоѓаат на безбедна територија на автомобилите од висока класа. За ефективно ладење се неопходни перфориран тапацир и вентилатори, кои ја отстрануваат топлината.
Како и обично во Tеslа е најдено сопствено решение. Компанијата на Елон Маск, патентираше нова технологија за греење и ладење на седишта на автомобили со течност, која циркулира во затворен круг од цевки непосредно под тапацирот со помош на пумпи.
Патентот не го опишува само системот и начинот на работа, туку и методот за спречување на истекнувањето. Работната течност во инсталацијата најверојатно ќе биде гел на водена основа со специјални термички својства.
Од Tеslа не споменуваат никакви рокови за евентуална појава на новиот тип на седишта со греење и ладење во електромобилите. Ако се суди по брзината, со која Елон Маск сака да ги работи проектите, тогаш новиот систе може да се очекува сосема скоро.