Парламентот на Молдавија после второто читање го усвои законот, кој предвидува построги казни за возачите, фатени како управуваат под дејство на алкохол. Според новите правила возачите ќе треба да платат казна од 1285 евра или ќе мора да одработат 60 часа во мртовечница или на гробишта.
Промените во законот исто така предвидуваат и одземање на возачките дозволи. Тие ќе можат да ја вратат возачката дозвола само при ново полагање.
Измените во Законот за движење по патиштата низ Молдавија беа предложени после честите сообраќајни несреќи кои беа по вина на пијани возачи. Во првите шест месеци од оваа година биле регистрирани повеќе од 130 сообраќајки во кои загинале 12, а биле повредени 85 лица. За пола година, пак, полицијата во Молдавија фатила дури 2330 пијани возачи.
Ако има сличен закон кај нас колку ли само возачи ќе треба да работат?