Изгоре редок Fiat од 1966 година вреден 150.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Тажна вест доаѓа од Германија за сите љубители на Fiat автомобилите како и за оние заљубеници во олдтајмери. Автомобил Fiat Abarth OT 1300 Coupe изгоре во целост.

Настанот се случил во Штутгарт кога 50 годишниот сопственик возејќи го автомобилот на планински терен во Санкт Мартин избил дим од моторот по што се појавил и пламен.

Иако го сопрел автомобилот и повикал пожарна сепак се било предоцна и автомобилот изгорел.

Инаку овој модел претставува вистински раритет од 1966 година. Опремен е со 1.3 литарски бензински мотор со моќност од 74 КС, ист таков каков што се користи и кај моделот 124, а при тоа максималната брзџина изнесува 172 км/ч.

На пазарот на стари автомобили овие модели најчесто постигнуваат цена од 150 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK