Изгледот на новата најевтина Dacia

ОБЈАВЕНО НА:

Романскиот оддел Dacia што е дел од Renault работи на создавање на новите генерации на Logan и на Sandero. Успехот што го постигнаа двата модели не само во регионот на Источна Европа, туку и на другите пазари во ЕУ само и дадоа кураж на фабриката и нејзините инженери да работат и на третата генерација.

Новата модерна генерација на овие автомобили треба да се појави по 2021 година. На интернет, веќе се појавија информации за новите „најевтини европски возила“ кои треба да се базираа на сегашните модели, се разбира со многу подобрувања во согласност со барањата и на она што компанијата го нуди во некои други свои модели.

И кога почнуваат да се појавуваат и компјутерски генерирани фотографии, рендери на новиот модел, тие секогаш го покажуваат правецот во кој се движи новиот модел, многу често и вистинскиот изглед со мали измени. Едно е сигурно, она што е добро нема да се менува драстично, туку ќе се усовршува. Така е и со Logan и Sandero. Двете фотографии го покажуваат изгледот на Sandero, во „нормална“ верзија и како верзија Stepway која е исто така попупарна поради повисокиот клиренс

Судејќи според објавените фотографии моделите со 5 врати ќе добијат нов корпоративен дизајн кој е веќе почнат и докажан кај последниот Duster.

Новотo Sandero ќе стане поагресивен поради различниот изглед на поклопецот, нова решетка за ладилникот и различна оптика. Што се однесува на верзијата на Sandero Stepway ќе изгледа пошироко од сегашната генерација на модели. Технолошката страна на Sandero и на Logan сè уште се тајна.

Сепак, може да се претпостави дека возилата ќе ја променат платформата и ќе се прават на SMF-B платформата, што е преземана од петтата генерација на Renalult Clio. Ќе има замена на актуелниот 0,9 TCe мотор со новите TCS 100 и TCe 100 кои исто така се монтираат на новото Clio. Појавaта на TSE 130 засега не е планиран.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK