Приказната веќе кружи на социјалните медиуми неколку недели, а убаво е да се види интересниот модел направен од двајца ентузијасти.
Во оваа приказна дел се две млади лица од Литванија. Подолу во видеото ќе може да се види како сопругот бавно, но успешно го гради сонуваното Fеrrаri и тоа од снег, а потоа го фарба со црна, црвена и жолта боја.
Димензиите на снежниот автомобил се истите како оние на вистинското Fеrrаri, a детали како логото, ауспухот и тркалата се рачно насликани на црвно обоениот Fеrrаri.
Зад камерата стои сопругата на снежниот дизајнер кој вели: „Одлучивме дека ако не можеме да си купим автомобил, него можеме да го направиме самите“.
Жената сподели уште дека целиот проект им одземал два дена, а вториот минал во деталите и бојадисувањето.