сабота, 26 март, 2026 година

Изгледа доста фенси: Lynk &Co со нов мал SUV

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Веќе никој не ги потценува кинеските автомобили, особено оние под капата на Geely. Во поглед на дизајнот и технологијата одлично се носат со европските. Последен пример за тоа е моделот 06 кој Lynk & Co го претстави на интернет.

Станува збор за најмалиот SUV модел во понудата на кинескиот произвдоител кој е со должина од 4,340 мм,. широчина од 1,820 мм, висина 1,625 мм и меѓуоскино растојани од 2,540 мм.

- Advertisement -

Дизајнот ја следи досегашната филозофија коај е применета кај останатите SUV модели. За разлика од останатите, овој мал кросовер има значителни измени во задниот дел, а доаѓа и со пофенси детали како што е портокаловата линија на горниот страничен дел и специјалните фелни.

Во однос на мотористиката, засега е најавен 1,5 литарскиот турбо бензински мотор со 177 КС и 265 Nm обртни моменти кој е во комбинација со седум степен менувач. За подоцна е најавен и plug-in хибридната верзија кој ќе го користи турбо бензинскиот мотор во комбинација со електромоторот. Заедно ќе продуцираат 190 КС.

Што се однесува до внатрешноста, истата делува доста привлечна со централно поставен екран осетлив на допир и 10 инчен дигитален екран наместо традиционална табла.

Во продажба доаѓа кон крајот на годинава, а засега не е позната цената.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја