Изгледа Балканот е заситен: Милиони половни возила завршуваат во Африка

ОБЈАВЕНО НА:

Две децении половните возила од земјите од Европска Унија, пред се Германија и Италија завршуваат во земјите од Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја тука и Македонија.

Но последната година се позачестен е трендот за масовен извоз на половни возила во земјите од Африка.

Над милион половни возила од Европската Унија, САД и Јапонија изминатите години завршиле во Африка што придонесе за значително зголемување на загадувањето, покажува последното истражување спроведено од страна на Обединетите Нации.

Најголем дел од извозот на половни возила во Африка се спроведува преку Франција и Германија. Во Германија пак, пред само еден месец со работа започна специјален терминал за извоз на половни возила во Африка. Најчесто се извезуваат половни возила со ЕУРО3 и ЕУРО4 стандард.

Најголем дел од нив завршуваат во Алжир, Тунис, Египет, Либија, Нигерија и Гана.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK