Секој има свој фаворит за возило што според него е најдобро и секогаш ќе каже пофални зборови за тој модел или бренд. Но, исто така сите имаат и бренд на возило или конкретен модел за кој ќе кажат лоши работи и би рекле „некој случајно да си го земал“
Кога се работи за титулата „најлош автомобил“ има многу кандидати. Одредувањето на фаворитите во оваа конкуренција сепак, е тешко, затоа што критериумите на секоја личност зависат од субјективно разбирање на предностите и недостатоци.
За да се спроведен еден ваков избор, и да се направи списокот британски магазин Auto Express им понуди на читателите избор од 18 најлоши модели од 70-тите, 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Во гласањето учествувале 4.782 читатели, кои ги оценија предлозите за овој избор.
Во топ-10 не успеаја да влезат кабриолетите што се нешто измеѓу како Citroen C3 Pluriel, Nissan C + C и бесмисленото Suzuki X-90. Во „елитата“ не се вброија ниту американската гордост Hummer H2, Peugeot 1007, Lada Riva (ВАЗ-2107), Kia Pride и Perodua Nippa.
Затоа пак во „најдобрите 10“ во овој избор има модели што и никогаш ги немало н анашите патишта, иако некои своевремено беа многу популарни. Читателоте на Auto Express гласаа вака.
10. Vаuxhаll/Оpеl Frоntеrа
9. FSО Pоlоnеz
8. Rеliаnt Rоbin
7. Mоrris Mаrinа
6. Rоvеr СityRоvеr
5. Аlfа Rоmео Аrnа
4. SsаngYоng Rоdius
3. Сhryslеr PT Сruisеr Соnvеrtiblе
2. Аustin Аllеgrо
1. RЕVА G-Wiz