Избрани најдобрите 5 руски возила на сите времиња

ОБЈАВЕНО НА:

Интернет сајтот RussiaBeyond објави листа на најдобрите пет руски автомобили на сите времиња. Секако, листата почнува со моделот VAZ-2121 кој е попознат како Лада Нива.

“Се покажа дека не е потребен само на Русите. Новата Лада Нива веднаш стана меѓународна сензација и се продаваше во странство, повеќе од било која друга Лада” пишува сајтот.

Следи УАЗ-469 од 1972 година за кој се наведува дека веднаш по лансирањето прерасна во примарно возило на советската војска. Како народно возило, на листата се најде и Москвич-408 кој е опремен со 1,5 литарски бензински мотор кој продуцира 75 КС.

Сепак две, од вкупно петте возила се товарни возила. Така останатите места ги пополнуваат: ЗИС-5 од 1934 година и КамАЗ од 1976 година.

Повеќе за оваа ранг листа прочитајте ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK