Избран победникот на Concorso d’Eleganza Villa d’Este 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Дефинитивно најексклузивното шоу поврзано со историски автомобили и моторцикли е Concorso d’Eleganza Villa d’Este кое датира уште од 1929 година, а традиционално се одржува во градот Чернобио, на брегот на езерото Комо во северниот дел на Италија.

И оваа година како и години наназад беа доделени неколку награди. При тоа, најпрестижната награда која ја доделува жирито како севкупен победник припадна на моделот Alfa Romeo 8C 2900B, Berlinetta од 1937 година.

Со оваа награда Alfa Romeo ја продолжува доминацијата откако и минатата година за победник беше одбран моделот Alfa-Romeo 33-2 Stradale Scaglione Coupé, што претставува шесттa победа во последните десет години.

Наградата “Swinging sixties: The sky’s the limit” припадна на Ferrari 250 GT California Spyder SWB, во конкуренција на мали автомобили, првата позиција ја зема Fiat Abarth Monomille GT, а наградата која ја избираат посетителите припадна на Lancia Astura Serie IV.

На настанот се додели и наградата “Concorso d’Eleganza Design Award” која ја доби Bugatti La Voiture Noire.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK