Германскиот магазин Auto Motor und Sports го избра најдобриот SUV модел за 2019 година.
Со повеќе од 103 учесници со право на глас од 15-тина други магазини ширум светот, Lamborghini Urus е избран за најдобар SUV.
Urus победи во најпопуларниот сегмент на возила благодарение на супер спортските перформанси, одличниот дизајн и моќниот мотор.
Првиот човек на италијанскиот производител ,Стефано Доминикали се заблагодари на оваа важна награда потенцирајќи дека следната генерација на Urus ќе биде уште подобра и понапредна од постоечката, но и дека овој бренд и понатаму ќе настојува да ги изненадува и импресионира фановите како што тоа го правеше и досега.