Избран е автомобилот на годината во Северна Америка

ОБЈАВЕНО НА:

На специјален настан кој се одржа во Детроит, организациониот одбор за доделување на наградата “Автомобил на годината” ги прогласи победниците по категории.

Главната награда “Автомобил на годината” ја доби Chevrolet Cоrvette кој во финалето доби повеќе гласови од Toyota Supra и Hyundai Sonata.

Во конкуренцијата SUV на годината, наградата ја доби Kia Telluride кој во финалето доби повеќе гласови од Hyundai Palisade и Lincoln Aviator.

Значајно признание доби и Jeep Gladiator кој ја освои наградата за најдобар камионет за 2020 година. При тоа во конкуренција беа и Ford Ranger и Ram Heavy Duty.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK