Избегнувајте ги во зима: Топ-10 најстудени градови во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Ова се 10-те градови каде температурите се најниски, а зимата е најстудена, презентирана во публикацијата на www.magical-planet.com:

Зимата и официјално календарски е пристигната, а со тоа се очекуваат и ниски температури, снег и студено време. Оние што сакаат да скијаат веќе ги разгледуваат понудите на скијачките центри, а некои планираат и да патуваат за време на празниците. Но, во некои градови подобро во текот на зимата да не патувате особено ако не го сакате студеното време.

Во различни делови на нашата планета има места каде температурите достигнуваат рекордно ниско ниво и луѓето се принудени да живеат во тешки услови.

10. Варшава, Полска
Главниот град на Полска може да биде доста ладен во зима кога температурите ќе достигнат -39 степени целзиусови.

Варшава, Полска

9. Гренланд
Големиот систем на фјордови на Гренланд е познат по своите многу ледени брегови и замрзнати водопади. Температурите тука достигнуваат -29,5 целзиусови степени.

8. Талин, Естонија
Естонскиот главен град, кој се наоѓа на Балтичкото Море, е културен центар на земјата. Зимата е доста ладна и температурите паѓаат до -30 степени целзиусови.

7. Вилнус, Литванија
Литванскиот главен град е познат по својата барокна архитектура, особено во средновековниот стар град. Во текот на зимата, степени паѓаат на -30 степени целзиусови

6. Букурешт, Романија
И Романија може да се пофали со сурова зима. Во главниот град, Букурешт температурите се и од -32 степени целзиусови.

Букурешт, Романија

5. Хелсинки, Финска
Хелсинки е главен град и најголем град во Финска. Зимските температури достигнуваат -33 степени целзиусови.

4. Отава, Канада
Главниот град на Канада е прекрасен град, но зимата дефинитивно тука не е многу пријатна. Се мерат температури од -37 степени целзиусови.

3. Минск, Белорусија
Летото во Минск е пријатно, но не е толку сончево. Зимата, сепак, е долга, ветровито и облачно. Температурите се движат од -7 до -40 степени целзиусови.

2. Улан Батор, Монголија
Познат како “Земјата на синото небо”, Монголија има околу 260 дена сонце секоја година, но климата не е топла. Зимите се долги и ладни, а температурата може да достигне -49 степени целзиусови. Најдобро време за посета е во лето – од јуни до август.

1. Астана, Казахстан
Астана е главен град на Казахстан. Градот ја преминува реката Ишим во северниот дел на земјата. Тоа е екстремно студено место во во зима, кога температурата може да достигне -52 целзиусови степени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK