Со темелни истражувања дојдено е до следните заклучоци: кон повраќање за 20 до 30 проценти се посклони мажите пред жените. Поизразени се проблемите кај поголемите автомобили (теренци, комбиња) проблемите се поизразени отколку кај лимузините.
Секој 10-ти возрасен човек и четири петтини од децата се подложни на “морска болест” кога патуваат особено на подолги релации и ако има повеќе свиоци додека патуваат. Проблемите можат да се намалат со добра подготовка и разумно однесување. Мачнината и повраќањето за време на возењето за многумина се огромен проблем.
Луѓето кои немаат вакви проблеми тешко можат да сфатат колку е незгодно повраќањето за време на возењето. Првин се јавуваат вртоглавица и потење, проследени со незгоден притисок во градите. Потоа свиоците стануваат се подолги и понеудобни, а желудникот почнува “да се качува”. Повраќањето не е само неудобно, тоа може да биде опасно кај луѓето кои страдаат од срцеви и асматични заболувања. Освен тоа се валка и оштетува облеката и внатрешноста на автомобилот.
Со темелни истражувања дојдено е до следните заклучоци: кон повраќање за 20 до 30 проценти се посклони мажите пред жените, кај поголемите автомобили (теренци, комбиња) проблемите се поизразени отколку кај лимузините, автомобилите со помека суспензија, склони кон лулање се понеповолни од крутите, проблемите се двојно поизразени на задните отколку на предните седишта, со зголемување на температурата во кабината растат и ризиците од повраќање.
Возачите се потполно имуни на овие проблеми. Често се случува една личност која нема никакви проблеми зад управувачот да повраќа кога се наоѓа како совозач. Причината е во несогласувањето на информациите на видниот и сетилниот систем. Возачот е сконцентриран на возењето и погледот ја следи траекторијата на движењето на автомобилот. Сите важни движења (вртењето на управувачот, менувањето на брзините, сопирањето) се ускладени со психомоторниот систем.
Информацијата која ја регистрираат очите и ја проследуваат до мозокот се ускладува со движењето на рацете и нозете. Така возачот однапред се подготвува за сите движења на автомобилот, посебно во свиок кога совозачот не гледа во правецот на возењето. Тогаш визуелните информации доаѓаат во несклад со моменталната положба на телото, и се случува вистинска збрка во главата.
Проблеми на патувањето имаат поголемиот дел од децата помеѓу две и шест години. Заради тоа на многумина и самата помисла за патување со автомобил или автобус предизвикува мачнина. Како тоа да се промени? Ако патите од мачнина за време на патување со автобус или автомобил, ви нудиме совети кон кои би требало да се придржувате за да ги избегнете несаканите појави.
Важни совети:
– Пред тргнување на пат автомобилот нека биде во ладовина, а во текот на возењето предните прозори отворете ги за пет, а задните за два сантиметри (доколку немате клима уред)
– Замолете го возачот да вози полека и мирно, без нагли свртувања, сопирања и забрзувања.
– Не тргнувајте на пат со полн желудник. Пред пат избегнувајте конзумирање на тешка храна, слатки, овошје и овошни сокови.
– Ако постојано имате проблеми при патување, можете да земете лекови. Немојте да земате ништо на “своја рака”, туку консултирајте се со лекар.
– Пред пат изедете малку чоколадо, леб или печиво. Неколку зелени маслинки во голема мера може да го намалат ризикот од повраќање. Пијте чај без шеќер или вода.
– Седете напред и гледајте постојано во насоката на движење.
– Облечете се лесно и избегнувајте места директно изложени на сонце
– Држете ја главата исправено, немојте да читате, не разговарајте без потреба и немојте да гледата настрана.
– Немојте на пушите и замолете ги другите тоа да не го прават
– Правите почесто паузи во текот на возењето и прошетајте на свеж воздух.