Volvo објави итно повлекување на повеќе од 40.000 електрични возила од моделот EX30 поради ризик од прегревање на батеријата и можност за пожар. Според објавените информации, ова може да влијае и врз имиџот на компанијата, која со години гради репутација на безбедност.
Повлекувањето опфаќа вкупно 40.323 возила EX30, и тоа верзии со еден мотор и продолжен домет, како и верзии со два мотора со високонапонски ќелии. Volvo соопшти дека веќе ги контактира сопствениците на погодените возила за да ги информира за следните чекори.
Bатериите се произведени во соработка со компанијата Shandong Geely Sunwoda Power Battery. Од Volvo велат дека добавувачот веќе го решил проблемот и дека ќе испорача нови батериски ќелии.
Ова не е прв пат EX30 да биде опфатен со сервисна акција. Претходно повлекување вклучувало замена на високонапонски батериски пакети, а моделот EX30 е еден од клучните во стратегијата на Volvo за натпревар со поевтини кинески брендови.
Дополнително, проблемот доаѓа во период кога Volvo работи на подлабока интеграција со матичната компанија Geely, со цел заштеди од околу 1,6 милијарди евра. Прашањето за безбедноста на батериите останува особено чувствително за целиот сектор на електрични возила, особено по неколку големи повлекувања во индустријата во изминатите години









