Италијанскиот претседател доби Fiat 500e

ОБЈАВЕНО НА:

Раководните лица на Fiat предводени од Џон Елкан го претставија првиот целосно електричен Fiat, моделот 500е пред премиерот и претседателот на Италија.

При тоа Серџо Матарела, премиерот на земјата и претседателот Џузепе Конте покрај тоа што одблиску можеа да се запонзаат со автомобилот добија и подарок по еден примерок.

Презентацијата која помина во пријателска атмосфера и со почитување на сите тамошни важечки прописи за заштита од Ковид-19 следи откако Владата на Италија му обезбеди финансиска помош на FCA поголема од 7 милијарди евра.

Токму таа помош на Владата насочена кон Fiat беше тема на дискусија и противење во италијанската јавност. Причината за тоа беше во тоа што Fiat односно FCA години наназад прави релокација на своите бизнис активности од Италија во други земји од Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK