недела, 25 декември, 2025 година

Италија воведе нови „sorpassometro“ камери: Внимание, казните се и над 1.300 евра!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Возачите во Италија од август се соочуваат со нов сообраќаен „чувар“ – нов систем за надзор на патиштата кој носи звучно име sorpassometro. За разлика од класичните радари и камери за брзина, овој уред е специјализиран за следење и казнување на неправилно претекнување, една од најопасните маневри во сообраќајот.

Како функционира „sorpassometro“?

Официјално наречен SV3, системот комбинира сензори вградени во асфалт и надзорни камери. Штом сензорот открие сомнителен маневар, камерите снимаат 15-секунден видеоматеријал кој потоа автоматски се испраќа до надлежните органи.

- Advertisement -

Со тоа, казната оди директно на адреса на сопственикот на возилото – без класични стопирања од страна на полицијата.

Каде ќе бидат поставени?

Sorpassometro не може да се поставува каде било, туку само на патни делници со висока стапка на сообраќајни несреќи, по одобрување од надлежниот префект. Приоритет се непрегледни кривини, тесни патишта и делници со намалена видливост – токму таму каде што едно лошо претекнување може да заврши фатално.

Првиот систем веќе е активен на државниот пат SS18 во покраината Козенца, познат по ризичните маневри на возачите.

Колку ќе чинат казните?

Ценовникот е повеќе од сериозен:

  • Во населено место: од 42 до 173 евра + одземање 2 казнени поени.

  • На отворен пат: до 345 евра + 3 поени.

  • Најтешки прекршоци (претекнување на кривина или пред неа): 666 евра, 10 поени и суспензија на возачката дозвола од 1 до 3 месеци.

  • Ако се додаде и возење во спротивна насока: казната може да надмине 1.300 евра.

Италијанските власти велат дека целта не е казнување по секоја цена, туку превенција и безбедност. Но со оглед на тоа колку строги се казните, повеќе од јасно е: во земјата на брзите автомобили и аутопати, ќе мора двапати да размислите пред да се нафрлите на ризично претекнување.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја