недела, 25 декември, 2025 година

Италија тестира нова AI камера – истовремено „фаќа“ телефон и неврзан појас

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во Италија започна тестирање на нова генерација камери со вештачка интелигенција, наменети да откриваат два од најопасните навики на возачите: користење мобилен телефон зад волан и неврзување на безбедносен појас.
Општините Фињине е Инчиза Валдарно и Прато во Тоскана се првите што ја тестираат Autovelox SafeDrive – AI камера која автоматски ги препознава овие прекршоци и во реално време ги алармира полициските патроли.

Според италијанската национална статистика, во 2022 година околу 15% од сите сообраќајни несреќи – повеќе од 37.000 – биле предизвикани од невнимание и одвлекување внимание на возачот. Истовремено, голем дел од возачите и совозачите сè уште не користат појас.

- Advertisement -

Истражување на државната агенција ANAS покажало дека:
28,4% од возачите
31,9% од патниците напред
и понатаму не се врзуваат.

SafeDrive е развиена токму за да ги таргетира овие два проблема, кои се и дел од приоритетите во политиките за безбедност на патиштата на ЕУ и ОН, каде се бараат построги мерки против користење мобилен телефон за време на возење.

Како функционира камерата?
Уредот се монтира на постојни портали над патот, столбови, надвозници или мостови и користи комбинација од:
* високорезолуциски камери
* инфрацрвени LED осветлувачи за ден/ноќ и сите временски услови
* автоматско препознавање регистарски таблички
* AI анализа на сликата

SafeDrive континуирано ја следи една сообраќајна лента, и при брзини до 70 km/h. Системот препознава дали возачот држи телефон (повикува, пишува пораки, скрола, пишува) и дали возачот и совозачот напред се врзани со појас. Може да регистрира и комбинирани прекршоци – на пример, истовремено користење телефон и неврзан појас.

Што се случува кога ќе „фати“ прекршок?
Кога AI единицата ќе детектира прекршок, системот автоматски испраќа сигнал до полициска патрола позиционирана околу 200 – 300 метри подолу по патот. Полицајците потоа визуелно го потврдуваат прекршокот и го запираат возилото.

Овој чекор е важен и од правен и од приватносен аспект – човек ја има финалната одлука, а не софтверот. Камерата е дизајнирана според принципот „privacy by design“: лицата на возачите и патниците автоматски се замаглуваат и се прикажуваат јасно само кога тоа е неопходно за санкционирање, во согласност со правилата за заштита на податоци во Италија и ЕУ.

Првични резултати од тестирањето
Во Фињине е Инчиза Валдарно, близу Фиренца, SafeDrive се тестира од мај 2024 година на регионалниот пат 69. Уредот брзо привлече внимание – многу возачи забележале „долга антена“ монтирана над постојната камера за контрола.

Командирот на општинската полиција, Алесандро Беларди, објаснува дека системот веднаш покажува дали возачот користи телефон или нема појас. Во тест фазата патролата стои во близина и ги запира прекршителите на лице место. Целта, како што истакнува тој, е да се подобри безбедноста, а не да се „полнат“ буџетите со казни.

Во моментов, во оваа општина се регистрираат околу 30 прекршоци месечно. Доколку тестирањето продолжи со позитивни резултати, општините Фињине-Инчиза и Прато може да решат SafeDrive да стане трајна инсталација.

Помалку екран, повеќе пат
Од производителот Sodi Scientifica нагласуваат дека предноста на AI е во тоа што:
* автоматски ги селектира возилата со прекршок
* ја „штеди“ патролата од постојано гледање во монитор
* овозможува брза реакција, а истовремено го почитува правото на приватност

Овој пилот-проект покажува како алатките базирани на вештачка интелигенција можат да им помогнат на полициите во Европа да се справат со сè поголем обем на сообраќај и се поневнимателни возачи – не само со брзината, туку и со опасните навики зад воланот кои до вчера беа речиси „невидливи“ за класичните камери.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја