Italdesign го оживува DeLorean?

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанската дизајнерска компанија Italdesign објави фотографија од возило со гулвинг врати и натпис DMC. Од самото ова може да се заклучи дека станува збор за возило инспирирано од DeLorean DMC-12, возило кое се прослави во филмот “Назад во иднината”.

Што се крие зад оваа фотографија останува непознато. Минатата година се појави информација дека овој производител повторно би можел да оживее.

Други пак пишуваат дека станува збор за самостојно дело на италијанската компанија која сака да ја одбележи 40 годишнината откако заврши производството на овој модел, а со тоа пропадна и компанијата DeLorean.

Инаку DeLorean Motor Company е основана на 24 октомври 1975 година од страна на Џон ДеЛореан. Компанијата банкротираше точно седум години подоцна откако не успеа да оствари позитивен финансиски резултат во ниту една од претходните години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK