Истражување: Возачите на скапи возила ретко пропуштаат пешаци!

ОБЈАВЕНО НА:

Истражувањата направени за однесувањето на возачите во сообраќајот во однос на пешаците носи интересен податок кој вели дека на секои 1000 долари колку епоскапо возилото, веројатноста дека сопственикот ќе запре и ќе пропушти пешаци се намалува за три проценти.

Лицата кои го правеле истражувањето користеле податоци од стотици автомобили кои биле учесници во сообраќајот во различни делови на САД, кои согласно законите треба да запрат. Тие утврдиле дека возачите на евтини возила им даваат предност на пешаците многу почесто отколку нивните колеги кои возат скапи автомобили.

Средната цена на автомобилите кои повеќе запираат е 5.900 долари (5.379 евра), додека цената на возилата кои не даваат предност била 8.000 долари (7.294 евра).

Целта на истражувањето, објавено во американското списание за транспорт била да се проучи врската меѓу расната нетрпеливост и полови предрасуди со бројот на сообраќајни несреќи со учество на пешаци, но резултатите се покажале без статистичко значење. Место тоа научниците забележале друга зависност, а се покажало дека цената на автомобилот е главен параметар за возачот да пропушти пешак.

„Послабата способност да се интерпретираат мислите и чувствата на другите луѓе и чувството за извонредност и нарцисизам води до недостаток на емпатија кон пешаците меѓу претставниците на побогатите социјални групи, а тоа од своја страна води до несакани отстапки“, вели раководителот на проектот, доктор Кортни Кохенур, кој се труди да го објаснi овој феномен при кој возачите на евтини автомобили имаат почит кон пешаците.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK