вторник, 25 декември, 2025 година

Истражување покажа: Технологијата се поголема причина за сообраќајни незгоди

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Напредната технологија е се поголем причинител за сообраќајните незгоди, покажуваат истражувањата спроведени во Велика Британија.

Како што соопштуваат од Институтот за возачи на Велика Британија, покрај вниманието кое на возачите им го одземаат децата, значителен процент од сообраќајните незгоди се случуваат поради тоа што технологијата им го одвлекува вниманието на возачите.

- Advertisement -

Така 27% од анализираните сообраќајни незгоди се случиле поради тоа што вниманието на возачот било насочено кон промена на радио станицата, 24% поради разговор на мобилниот телефон или негово “чепкање” додека 15% поради подесување на навигацијата.

Поради технологијата, во САД според статистиките од пред неколку години починале 3.477 лица, а при тоа причинета е и голема материјална штета, но и многу други лица се здобиле со полесни и потешки повреди.

Оттука експертите за безбедност советуваат навигацијата да се подесува пред да се тргнува на пат или доколку мора да се направи додека се патува истото да се направи на одморалиште т.е. со запрено возило. Дополнително, користењето на командите на управувачот за управување со радио системот или користење на USB стик наместо радио исто така множе да спречи голем дел од сообраќајните незгоди.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја