Истражување: Напредните безбедносни системи не се доволно добри

ОБЈАВЕНО НА:

Новата студија направена од Американскиот автоклуб (ААА) носи заклучок дека системите за помош на возачот достапни во денешните возила имаат потреба од доработка. Истражувачите од ААА открија дека ваквите системи имаат проблеми на секои 12,8 километри во текот на вкуно 6.437 километри возење. Според ААА овие системи се далеку од 100 сигурни.

–AAA повеќепати откри дека системите за активна помош во возењето не се однесуваат доследно особено во реалните сценарија.

–Произведувачите мораат да работат на посигурна технологија вклучувајќи и подобрување на системот за помош во одржувањето на возилата во сообраќајната лента и давањето на адекватно предупредување.

AAA своите податоци ги проследи до произведувачите на автомобили.

Посебен проблем за системите за предупредување за напуштање на лентата и одржување на возилото во сообраќајна лента се патиштата на кое е излижана бојата за ограничување на лентите. Проблем предизвикала и симулацијата која вклучува онеспособено возило на автопатот во кое возилото морало автоматски да се кочи при што доаѓало до судир во 66 проценти од случаите при просечна брзина на удар од 40 км/ч (брзината на возење е поставена на 50 км/ч).

AAA го завршила своето истражување користејќи BMW X7, 2019 Ford Edge, 2019 Cadillac CT6, Subaru Outback и Kia Telluride. Секој имал свој ситем за помош на возачите како што се Cadillac Super Cruise, BMW Active Assistant Professional и Ford Co-Pilot 360.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK