Истражување: Кој автомобил е најевтин за одржување?

ОБЈАВЕНО НА:

При купување на автомобил многупати пресудни се бојата, нивото на опрема или пак цената, а малкумина размислуваат колку ќе ги чини одржувањето на нивното возило во текот на годината. Но педантните Американци и тоа го пресметале, па тие и точно знаат кој автомобил еа нјевтин за одржување.

Истражувањата што се прават во САД не секогаш може да се споредат со Европа, но ова е еден од факторите зошто некои возила подобро се продаваат преку Атлантикот. Токму поради ниската цена на одржување.

Еден познат портал што се занимава и со одржување и експлоатирање на автомобилите, RepairPal.com објави истражување според кое моделот Toyota Corolla е убедливо најевтин автомобил за одржување.
Според пресметаните трошоци годишно ви требаат најмногу 341 долар за одржување на овој автомобил.

Високо на листата се наоѓа и Honda Accord што американските сопственици ги чини не повеќе од 351 долар годишно. За Ford Mustang би требало да се издвојат 454 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK