Истражување: Кои борд системи најмалку одвлекуваат внимание, а кои најмногу?

ОБЈАВЕНО НА:

Од англиското издание WHAT CAR? ги објавуваат резултатите од интересната анализа во која се наредени во класификкацијата 20 борд системи на одделни производители и модели на базата на степенот на одвлекување внимание што се бара за време на нивната употреба.

Секој кој седнал зад воланот на автомобил, произведен во последните неколку години знае дека поголем дел од нив се опремени со импресивни интегрирани борд системи. Иако нудат сериозна предност на патот со додадени функции и управување со допир, глас и дури и гестикулации, овие инфо-комуникациски, навигациски и климатски системи претставуваат ризик, во резултат на неопходноста за одделувањето на внимание и поглед на патот.

Од англиското издание WHAT CAR? ги објавуваат резултатите од интересната анализа во која се наредени во класификкацијата 20 борд системи на одделни производители и модели на базата на степенот на одвлекување на вниманието, што се бара за време на нивната употреба. Оценките се дадени врз база на шест „вежби“ за исполнување на времето, вклучувајќи ја и промената на поставките за климатизација, зголемување на маршрутата на навигацискиот систем, смена на радиостаница и друго.

Како победник во анализата од WHAT CAR? се посочува борд системот iDrive на BMW, кој гарантира најнизок степен на одвлекување на вниманието од страна на возачот за време на употребата. Во Топ – 10 влегуваат исто така и понудите на Mercedes-Benz, Porsche, Audi, Mazda, Volkswagen, Ford, Hyundai, Opel/Vauxhall и Skoda, а на дното на рангирањето е борд системот на MG.

Од WHAT CAR? коментираат дека проучувањето го демонстрирало тоа дека борд системите со физички контроли и копчиња значително помалку го одвлекуваат вниманието од оние, кои можат да бидат достапни само при екран кој е чувствителен на допир.

Од изданието споделуват дека кај некои од дигаталните системи, неопходното време за воведувањето на нов параметар било двапати поголемо во споредба со тоа кај физичките контролни уреди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK