Истражување: Android Auto и Apple Car се поопасни од користење на алкохол и на марихуана!

ОБЈАВЕНО НА:

Сега се многу во мода и сите производители ги вградуваат во новите автомобили, но едно ново истражување го тврди спротивното. Користењето на инфозабавните системи као што се Аndrоid Аutо и Аpplе Саr со тач скрин екрани додека возите се поризични отколку да возите во пијана состојба, се вели во истражувањето на бритaнcкaтa oргaнизaција IАM RоаdSmаrt.

Тecтoвите спрoвeдeни во рaмкитe нa прoучувaњeтo покажуваат дека користењето на интерфејсот може да ја намали реакцијата на возачот и тоа за неколкупати, отколку на пример употребата на алкохол (во рамките на дозволеното), или пишувањето на смс пораки или зборувањето на мобилен телефон.

При користење на системите како што се Android Auto и Apple Car средното време за кое возачот го оттргнува вниманието од состојбата на патот е 16 секунди – доволно за минување на 500 метри при брзина од 112 км/ч/

Во истражувањето се вели дека користењето на алкохолот го зголеми времето на реакција за 12%, а користењето на марихуана за 21%. Кога ги користите Android Auto и Apple CarPlay, овие бројки покажаа 53% и 57% зголемување на времето на реакција. Дури и со гласовните команди на двата системи, тоа создава реакции од 30% и 36%.

Од IAM RoadSmart исто така установиле дека не го потценуваат вистинското време во кое нивниот поглед бил на страна од патот за цели 5 секунди. Во случај на користење на двата системи, учесниците во истражувањето не можеле навреме да ги извршат потребните реакции и забавувањето или доцнењето со рекациите при некои работи било и со 50 отсто.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK