Историја: Фиќо – пензионер што не стигна до милион

ОБЈАВЕНО НА:

Пред 32 години на 18 ноември престана производството на популарното фиќо, од кое фабриката во Крагуевац за помалку од три децении произведе вкупно 923.487 промероци. Оригинално се нарекуваше „фиат 600“, а првпат беше претставен во март во 1955 година
.
Автомобилот со две врати и со место за багаш во предниот дел од возилото и со мотор во задниот го движеше течно ладениот четири цилиндричен мотор со зафатнина од 633 кубици и сила од 21,5 коњски сили.

Името фиќо дојде како некој вид на деминутив од FIAT, па ова име комплетно ја исфрли од употреба официјалната ознака за автомобилот, нешто слично како што беше со „буба“ кај Volkswagen и „спачак“ кај Citroen.

Пробната серија беше со 25 возила и беше направена во 1956 година после што возилото постојано беше подобрувано. Последната еволуција беше „застава 850“, која беше преставена на авто-саемот во 1980 година, а најсилното сериско фиќо беше со мотор од комбето fiat 850T и имаше 35 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK