Во Иран на жените им е забрането да возат мотоцикли, но речиси секој ден една жена им пркоси на законите. Баран Хадизабе (30) е една од првите жени мотоциклисти во Иран, охрабрувајќи ги и другите припаднички на понежниот пол да се занимаваат со овој несекојдневен спорт.
Баран нема возачка дозвола, бидејќи на жените им е забрането да возат мотоцикл. Но, таа речиси секој ден оди на патеката Азади во близината на Техеран.
За да се избори со право да се занимава со омилениот спорт Баран водела вистинска бирократска војна со тамошниот Сојуз за мото и авто спорт. Благодарејќи на нејзе сега жените имаат право да возат мотоцикли на таа патека. Таа се вљубила во овој спорт на прв поглед, откако гледала трки на ТВ.
Баран веќе пет години се занимава со овој спорт и има постигнато големи резултати. Три-четири пати неделно вежба во теретана и се придржува на ригорозни диети. Поради разни падови, неколкупати ги повредувала колената и грбот, но не се жали.
Желба и е да биде професионален инструктор за жени кои сакаат да се занимаваат со овој спорт, а сега се подготвува за меѓународни натпревари.