iPhone станува дигитален клуч за BMW автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

За време на годишната WWDC (Worldwide Developer Conference) на Apple стана јасно дека BMW ќе биде првата автомобилска компанија во светот која ќе понуди дигитален автомобилски клуч за поголем дел од моделите во понудата на брендот, кои се сопственици на iPhone.

BMW Digital Key функционалноста ќе биде интегрирана на сигурно место во виртуелниот паричник на Apple Wallet на iPhone и ќе понуди можност за отклучување и заклучување на автомобилот, како и за споделување на пристап за употреба преку Message, доколку е потребно со соодветните достапни ограничувања на моќност, брзина на движење, ниво на звук на аудио системот и други, со најмногу пет лица.

Од BMW споделуваат дека новата функционалност е компатибилна со Apple Watch, и дека пристапот до автомобилот преку дигиталнот клуч е гарантиран до пет часа дури кога мобилниот телефон е изгаснат како резултат на истрошена батерија.

Новиот дигитален клуч за iPhone (iPhone XR, iPhone XS и понови) и Apple Watch (Series 5 и понова верзија) е достапен во 45 држави низ целиот свет, а од новата функционалност ќе можат да имаат корист и сопствениците на модели од сериите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, X5, X6, X7, X5M, X6M и Z4, произведени после 1 јули 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK